Интернет
или семрежје е јавно достапен систем на меѓусебно поврзани сметачки мрежи од целиот свет, кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество протоколи означено како TCP/IP. Интернет се состои од голем број мали и големи, домашни, деловни владини и невладини мрежи, кои што заедно пренесуваат различни информации и услуги, како електронска пошта, директен разговор, како и меѓусебно поврзани мрежни места.
сторија на интернетот и што е тоа интернет = Корените на интернетот се во ARPANET, американсa одбранбена мрежа создадена во 1969 година. Првата TCP/IP мрежа е направена на 1 јануари 1983 така што овој датум е земен за создавањето на интернетот. Во тоа време интернетот можеле да го употребуваат универзитетите, војската и некои други државни организации во САД и бил наречен NSF (National Science Fondation = Национална научна фондација). Интернетот доби комерцијална употреба дури во 90-тите години.
Во август
1991 година од CERN (европска организација за нуклеарни проучувања) го претстави проектот World Wide Web, а две години потоа е се претставени и
HTTP протоколот и
HTML кодот. Беше создадена првото мрежно место на CERN. А веќе во
1993 година беше создаден и првиот графички пребарувач
Mosaic web browser 1.0. Во
1996 година зборот Интернет веќе стана популарен и интернетот започна да се употребува за комерцијалните и приватните потреби. Така што според последните статистики направени на
1 јануари 2006 год. интернетот го користат една милјарда луѓе.
Интернетот претставува множество од служби кои работат врз поврзаните сметачкимрежи низ целиот свет со што се овозможува брза размена на информациите односно податоците преку постоечките
телефонски линии. Името интернет е добиено како кратенка од INTERnational NETwork - INTERNET што во превод би значело меѓународна мрежа. А во неа се вклучени милиони луѓе од светот.
Убава википедија/гугл хехе :D
ReplyDelete